Пиперки, домати, модар патлиџан: Храна која славните манекенки никогаш не ја јадат

За да бидат на самиот врв, манекенките мораат да внимаваат на тоа како изгледаат, а тоа подразбира строго да внимаваат на нивната исхрана.

koi-proizvodi-slavnite-manekenki-nikogash-ne-gi-konsumiraat-01.jpg

Славните манекенки се откажале од многу работи без кои ние не би можеле да си го замислиме животот во име на успехот.

Што никогаш не јадат?

Некои од нив, како Жизел Бундшен, јадат само органска храна.

„Сè започнува со тоа што јадам. Внимавам на порциите и вежбам постојано“ - вели долгогодишната манекенка Адриана Лима.

Она што е интересно за ангелите е дека тие воопшто не консумираат производи кои нутриционистите велат дека се здрави и неопходни, како пиперките и доматите.

Покрај овие зеленчуци, на листата на производи кои не се консумираат ќе ги најдете и кофеинот, шеќерот, млечните производи, печурките и храна која содржи глутен.

На многумина можеби не им делува така, но и плус сајз моделите водат сметка на секој внесен грам храна во нивниот организам.

Така, новата плус сајз сензација Искра Лоренс, не јаде модар патлиџан.

Елса Хоск вели дека поголемиот дел од нејзините оброци, посебно неколку месеци пред главното шоу кое се одржува во декември, најчесто пие многу сокови.

Омилена мешавина и е од ѓумбир, бибер, топла вода и лимон.

„Многу течности за да го прочистите целиот систем“ - вели таа.

Некои од нив пак, се послободни - не вежбаат толку многу и знаат од време да пробаат по некој хамбургер од McDonald's.

Во основа, она што би ви го кажал секој модел е доколку сакате да изгледате совршено, важно е да јадете повеќе протеинска храна и зеленчуци.

Овој тренд не е само меѓу слабите манекенки, туку и плус сајз моделите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго? Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...
Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
Кулинарски трикови заради кои сите ќе мислат дека сте професионален готвач Понекогаш наместо сол потребно е да додадете сок од лимон, а компирот ставен во ...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Кулинарски грешки што ниту искусните не се свесни дека ги прават Дали знаете дека доматите не треба да се готват во нелепливо тавче, а дека за пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg