10 вински заповеди

Ако сериозно постоеја вински заповеди, како би гласеле?

10-vinski-zapovedi-01.jpg

Љубителите на чаша (или чаши) добро вино сигурно ќе ви кажат дека се повеќе, но овие 10 се главните:

1. Почитувај го виното

Научете да цените од каде доаѓа вашето вино. На тој начин ги почитувате и другите љубители на овој опоен пијалак.


2. Прошири ги видиците

Секоја недела пробувајте по една нова сорта вино или регион од каде тоа доаѓа. Така ќе си ги збогатите вкусовите и ќе си ги проширите видиците.


3. Знај ги своите граници

Ако не го направите тоа – ќе зажалите уште следниот ден.


4. Сите вина не се исти

Големото вино не мора да биде скапо, но не смее да биде преевтино.


5. Подели го своето вино

Виното секогаш има подобар вкус кога се пие во добро друштво.

10-vinski-zapovedi-02.jpg

6. Почитувај го вкусот на другиот

Вкусовите се различни, а тие се формирани со помош на традицијата, личните афинитети и искуството. Исто така, сетилото за вкус со тек на време се менува, па во се постои и генерациски фактор.


7. Виното го продлабочува искуството

Ниту еден друг пијалак со себе не носи толкава сложеност и спој на култура, традиција и знаење како што е случајот со виното.


8. Секоја голтка има своја приказна

Виното се пие бавно, без брзање. На крајот од краиштата, секоја голтка содржи зрно грозје на кое му требала цела година да созрее.


9. Уживајте во млади вина, но почитувајте ги старите

Старите вина се како временска капсула која има моќ за секунда да ве поврзе со минатото.


10. Виното никогаш не престанува да се менува

Од моментот кога е направено, виното почнува да се развива. Промените се бавни и вкусни само ако правилно го чувате.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Храна што треба да ја јадете почесто во зима (помага во борбата со настинките) Генерално, семките се многу важни за здравјето, но, кога станува збор ...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Едноставни трикови и совети со кои ќе станете експерт за торти и слатки Прекумерното мешање на тестото е честа грешка. Откако ќе се соединат в...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Пијалаци и специјалитети што задолжително треба да ги пробате на божиќните базари низ Европа Во Прага задолжително пробајте Trdelnik, во Будимпешта Gulyásleves или...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео) Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg