Пријателите никогаш нема да ве поддржат: Што научив откако 40 дена се откажав од алкохол и чоколадо?

Алкохолните пијалаци и слатките се две работи кои слободно може да се наречат „пороци“ во кои сите уживаме, посебно производите кои содржат големи количини на шеќер или чоколадо.

se-otkazala-od-alkoholot-i-cokoladoto-za-40-dena-shto-naucila-01.jpg

Ако уживате во овие производи истовремено ризикувате да се разочарате кога ќе застанете на вагата, но и да имате некој здравствен проблем.

Па, останува прашањето: Како би изгледал животот без алкохолот и благото? Ваков експеримент испробала Розалин Фрејзер која се откажала од своите лоши навики цели 40 дена.

Еве што заклучила:

„И порано се обидував да се откажам од чоколадото и алкохолот, па и сега знаев дека предизвикот ќе биде прилично тежок. Имав накачено некој килограм повеќе и се чувствував уморно и неспособно за вежбање. Јас сум фитнес инструктор, па не можам да си дозволам да се чувствувам лошо додека вежбам“ - така Фрејзер ја започнува својата приказна.

„Токму затоа, одлучив 31 ден да се откажам од алкохолот и благото, но подоцна бројката се зголеми на 40 дена“ - продолжува.

Што научила Розалин од своето 40-дневно патешествие?

Нема назад

„Откажувањето од чоколадото и алкохолот е како скок во базен полн со вода, нема откажување, едноставно морате да скокнете. Сепак, полесно е да кажете нешто отколку да го направите, посебно ако се најдете на забава каде има неограничени количини на колачи и шампањ“ - објаснува Розалин.

И веројатно ќе се согласите со неа, кога некој ќе ви каже „нема врска, ништо нема да ти се случи од едно мало залче“ или „од една голтка“ може да се најдете во искушение да пробате. Но, мамење е мамење, дури и за само еден мал залак.


Притисокот е голем

Кога ќе се одлучите да ја спроведете оваа одлука во дело, луѓето околу вас повторно ќе имаат што да ви кажат.

„И понатаму ги водев овие разговори:

- Виното е одлично. Пробај го.

- Не, Благодарам.

- Зошто да не? Пробај го. Навистина е добро.

- Не, благодарам, но морам да те одбијам.

- Зошто?

- Не пијам.

- Каква врска има тоа?“

Научена лекција: Ако вашите пријатели не се на иста бранова должина со вас, притисокот ќе биде уште поголем, а и можноста да паднете под искушенијата.


Морате да се научите да глумите

„Она што имав можност да го заклучам од овој мал експеримент е дека на луѓето тешко им е да сфатат дека не сакаш да пиеш алкохол или да пробаш некој колач. По некое време мора да научите да глумите. На крајот се заморив да објаснувам зошто не пијам алкохол, туку нарачував сок од брусница за да изгледа како да пијам коктел“.


Одрекувањето од алкохолот и благото навистина делува позитивно на организмот

„На интернет можете да најдете бројни истражувања кои ќе ви кажат дека една чаша темно вино или една коцка црно чоколадо се одлична навика и имаат добро делуваат на организмот, но јас многу подобро се чувствував откако целосно се откажав“ - вели Розалин.

На почетокот на експериментот мислела дека едвај ќе чека да го прецрта 31-от ден, но по само неколку дена алкохолот и благото не и недостасувале. Се чувствувала подобро и немала потреба да ги консумира.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 (здрави) намирници со кои мора да бидете умерени – некои предизвикуваат труење Пиењето многу вода може да го разреди натриумот во крвта, додека јадењето само п...
Едноставни трикови и совети со кои ќе станете експерт за торти и слатки Прекумерното мешање на тестото е честа грешка. Откако ќе се соединат в...
Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Почетнички кулинарски грешки што ви ги уништуваат специјалитетите Дали знаете дека ако ставите премногу масло на калапот за торта таа ќе излезе из...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
3 едноставни, но уникатни идеи за фарбање и декорирање јајца (видео) Мермерни јајца со лушпи од кромид или шарени јајца со сода бикарбона – креативни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg