Дали месото смее да се замрзнува двапати?
Сите сме слушнале дека месото ако еднаш се одмрзне не смее повторно да се замрзнува. Меѓутоа, дали е ова факт или само мит кој се сведува на приказни, а не научни вистини?
Реалноста е дека месото смее да се замрзнува и одмрзнува повеќе пати, а она што е важно е како го одмрзнувате. Не треба да го ставате на собна температура, туку треба да го одмрзнувате во фрижидер на температура до 5 степи целзиусови.
Она што може да се случи е да стане водесто, но не и отровно.
Храната се замрзнува за да се забави процесот на размножување на бактериите, односно за да не се расипе.
На температура од -18 степени храната се расипува толку забавено што процесот може да трае со години.
Во фрижидер на температура од 2 до 8 степени, храната може да трае некое време, а на собна температура многу бргу се расипува.
Кога месото ќе се одмрзне, процесот на размножување на бактериите се забрзува, но ако сакате уште еднаш да го замрзнете истиот повторно се забавува па, нема да имате проблеми освен ако не сте замрзнале веќе расипано месо.
Н. Г. | Црнобело