Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, повеќепати досега покажала дека се грижи за својата исхрана и линија, а тоа е и очигледно.
-->
Откако активно почна да го користи Инстаграм профилот, Јелена често знае да сподели совети и предлози за здрава исхрана со следбениците.
-->
Нејзината здрава исхрана вклучува 70% свежи плодови и 30% варена храна. Плус, избегнува глутен и консумирање на месо, риба, млечни производи и шеќер.
Овојпат на ред е здравиот појадок кој го подготвува за себе и синчето Стефан, а тврди дека прави чуда за организмот.
-->
„Појадокот за Стефан и мама е подготвен да преноќи. Во различна мерка, но тоа е тоа: чиа, коноп, дудинки, лен, какао, кокос, ванила, овес и кокосово млеко. Утре ќе додадеме малку свежо овошје, а ќе имаме цеден сок од страна. Можете да си играте со состојките цело време. Јас ги комбинирам сите видови на јаткасто овошје и семки. Секој ден ви носи нов вкус и многу користи. Пробајте!“