Готвење за почетници: Од лупење и сечкање, до готвење, како до совршен оброк?
На многумина, сечкањето на кромид или лупењето на моркови им претставуваат вистинска мака. Многупати сте се обиделе да добиете совршено пржени јајца, но едноставно тоа не ви успева или целосно се распаѓаат или барем жолчката од јајцето не е компактна.
Постојат неколку трикови кои можете да ги земете во предвид и да станете професионални готвачи:
1. Како да сечкате кромид
Трикот е во тоа која позиција за сечкање ќе ја одберете. Погледнете го овој метод и сечкањето на кромид никогаш повеќе нема да ви биде исто:
2. Пржење на јајце
Трикот е во тоа да почекате белката да биде во цврста форма, а потоа да ги превртите јајцата.
3. Сечење на домат, без целата течност да излезе
Важно е каков нож ќе одберете, потребно е истиот да е доволно остар и да употребувате брзи потези при сечењето на доматот...
4. Варење на тестенини
Само вода со зејтин и сол нема да ви помогне. Најнапред важно е водата да е зовриена и тестенините да не ги варите повеќе од 8 минути за да не се распаднат.
5. мешање на маргарин и шеќер за торта и колачи
Важно е путерот или маргаринот да не бидат веднаш од фрижидер извадени, туку најнапред да бидат на собна температура, прво нив да ги матите, а потоа и шеќерот да го додадете.
Уште 6 трикови на следната страна...