Како да се ослободите од мирисот на прженици низ дома?

Колку што пржените компирчиња, лепчиња или пилешки прсти знаат да бидат вкусни, така мирисот на прженици може да трае со часови и денови низ дома.

kako-da-se-oslobodite-od-mirisot-na-przenici-niz-doma-001.jpg

За следен пат кога ќе сакате да си зготвите нешто вкусно без цела кујна и дневна соба да ви мирисаат на пржен зејтин, само следете ги овие совети.

1. Проветрејте го просторот уште пред да почнете. Отворете прозори, врати или пуштете клима. На овој начин ќе го олесните и забрзате струењето на воздухот и мирисот.

2. Но, затворете ги вратите од другите соби. Не заборавајте да го ограничите просторот во кој мирисот може да се прошири.

3. Штом завршите со пржење, веднаш измијте ги садовите и тавите, а вишокот масло ставете го во пластично шише и фрлете го во канта за отпадоци.

4. Направете пареа од вода и оцет. Во едно големо тенџере ставете 1 шолја вода и 1 лажица оцет. Загревајте додека не зоврие и почекајте неколку минути. По желба може да додадете цимет, ванила или лимон.

5. Оставете мали садови со оцет, сода бикарбона или зрна кафе во кујната преку ноќ. Тие имаат моќ да го апсорбираат непријатниот мирис.

6. Или последно и највкусно- испечете колачиња. Нема подобар начин да го прикриете мирисот на загорен зејтин, отколку со сладок мирис на штотуку испечени колачи.

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови што не ги знаат ниту најискусните домаќинки Сте размислиле ли некогаш како лесно и брзо можете херметички да ги затворите пл...
Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?) Од рибата во микробранова ќе замириса цел стан, а месото станува суво и тврдо. П...
Маслиново масло или маслинки - што е поздраво и кои се придобивките? Треба да се спомене дека и маслиновото масло и маслинките содржат ...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
8 промени во кујната кои ќе ви помогнат да јадете помалку (и да ги изгубите вишокот килограми) Честопати е тешко да откриеме колку сме гладни, па се ориентираме спор...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg