Храна која ќе ви помогне да ги избегнете зимските настинки
Со падот на температурите доаѓаат и настинките, но можете да ги победите со неколку состојки од кујната.
Овие неколку намирници му помагаат на имунитетот во борбата против вирусите.
Наполнете го фрижидерот со нив и уживајте во здравата зима:
1. Црвени пиперки
Тие содржат дупло повеќе витамин Ц од цитрусните овошја. Консумирање на различни видови овошја и зеленчуци со витамин Ц природно ќе ви го зацврсти имунитетот.
2. Ананас
Содржи околу 20% витамин Ц и ја зголемува отпорноста на инфекции. Им помага на белите крвни зрнца да работат понапорно.
3. Јогурт
Многу јогурти содржат пробиотици кои му помагаат на телото побрзо да закрепне после болести и бактерии.
4. Зелен чај
Покрај тоа што помага во губење на килограмите, исто така содржи антиоксиданси кои се потребни за добро здравје.
5. Лук
Познат по неговиот вкус и по тоа дека тој помага во борбите против настинката. Еден од најдобрите старински рецепти за ослободување од бактериите.
6. Лосос
Риба која е полна со протеини и е супер начин да се наполните со потребните нутритивни омега-3 масни киселини.
М. Д. | Црнобело