Како изгледале семејните оброци низ историјата?
Дали некогаш сте посакале да се вратите низ историјата наназад и да погледнете како изгледал семејниот ручек? YouTube каналот Mode досега нудеше уникатен поглед на модата и убавината низ историјата, а сега дава можност да погледнете како изгледале и оброците.
После различните видеа кои ги видовме за промените низ последните 100 години сега погледнете го видеото во кое се прикажани 100 години од семејните вечери и обидете се да не ви потечат лиги од глад.
Во ова вкусно видео ќе можете да видиме што јаделе семејствата уште од 1915 година. Луѓето тогаш не ги броеле калориите туку уживале во храната.
Ќе забележите дека многу од јадењата кои биле популарни низ годините сè уште се припремаат и јадат.
М. Д. | Црнобело