Трик со кој може да јадете тестенини без да се здебелите
Ако обожавате да консумирате тестенини, веројатно добро познато ви е дека истите се причина за вишокот килограми. За среќа, постои најново откритие кое ќе ви помогне како да уживате во вашето омилено јадење и да ја зачувате совршената линија.
За време на снимањето на BBC емисијата „Trust Me, I’m a doctor“ направен е експеримент кој случајно довел до сензационално откритие.
Кога ќе ги сварите тестенините, оладете ги и повторно загрејте ги. Така уништувате поголем дел од калориите кои се во нив.
Во емисијата давани им се тестенини на испитаниците, а потоа им го мереле нивото на шеќер во крвта на секои 15 минути.
Оние кои јаделе тестенини кои биле сварени само еднаш имале двојно покачено ниво на шеќер во крвта отколку оние кои јаделе тестенини кои биле двојно сварени.
„По второто варење скробот во тестенините станува речиси идентичен како оној во житариците, што значи е далеку поздрав“ – вели Крис ван Тулекен.