Едноставен трик со кој измиениот зеленчук ќе ви трае подолго
Добро познато ни е дека треба да консумираме повеќе овошје и зеленчук, како и фактот дека постојано измислуваме нови причини зошто не јадеме доволно. Меѓу причините е и тоа што зеленчуците од супермаркетите многу бргу се расипуваат, па купуваме помали количини.
Причината се чини како популарна посебно кога станува збор за зелената салата, целерот и останатите зелени зеленчуци.
Постои начин како можете да ги одржите во свежа форма подолг период – методот е познат како трик со бришач за раце.
Три едноставни чекори:
1. Кога ќе го донесете зеленчукот дома, измијте го темелно и протресете го вишокот на вода колку што можете посилно.
2. Ставете го зеленчукот во пластична кеса која можете херметички да ја затворите.
3. Пред да ја затворите, ставете неколку суви и чисти парчиња од бришачот за раце во кесата и ставете го зеленчукот во фрижидер. По неколку дена заменете ги влажните парчиња хартија, со нови и свежи парчиња.