Супер идеи: Детски торти кои секоја мајка може да ги направи сама (фото)
Родендените сами по себе се прекрасни денови кога славите за најубавиот подарок кој сте го добиле, но зошто да не го разубавите и со некоја домашно подготвена торта?
Професионално изработените торти обично чинат мало богатство, а никогаш не сте 100% сигурни дали ќе излезат како што сте ги замислувале. Затоа, земете ги работите во свои раце.
Ако сте креативна мајка или баба или можеби тетка која сака да експериментира со вкусовите и декорациите, ви предлагаме неколку супер идеи за следниот роденден:
1. Направете бројки од шарени трошки користејќи калап за колачиња.
2. Искористете обични пандишпани и ролати за да направите торта во облик на бројка. На крај декорирајте со крем по желба, бонбони или чоколадо.
3. Искористете чоколаден чипс и чоколадни трошки за обичните мафини да ги претворите во панди.
4. Искомбинирајте купечки чоколади и домашно испечен пандишпан. Можете да ја пробате и оваа чоколадна торта.
5. Пробајте да направите риба торта со шлаг во различни бои.
Уште идеи на следната страна...