Кралица на есента: 4 причини зошто да купите тиква уште денес

Крајот на летото и почетокот на есента е периодот кога продавниците се преполни со тикви.

kralica-na-esenta-4-pricini-zosto-da-kupite-tikva-uste-denes-01.jpg

Се работи за плод кој го храни целиот организам, а за жал често го запоставуваме.

Од таа причина, денес ве потсетуваме зошто треба да си купите една вкусна тиква и да ја потпечете.

1. Ја регулира тежината

Во 100 грама се наоѓаат помалку од 30 калории и 90% вода, заради што се смета за диетална храна. Покрај ова, редовното консумирање го намалува холестеролот.


2. Заштитник на имунитетот

Како што веќе знаете од самата боја, богата е со бета каротен. Се работи за антиоксиданс кој го штити организмот од слободните радикали, го чува здравјето на очите и го зајакнува целиот имунитет. Од голема помош се и витамините Ц, Е и К кои се наоѓаат во неа.

kralica-na-esenta-4-pricini-zosto-da-kupite-tikva-uste-denes-03.jpg

3. Го поттикнува варењето

Богата е со прехранбени влакна кои ја подобруваат работата на цревата, па тиквата се препорачува во поголеми количини за оние кои патат од отежнато варење на храната.


4. Извор на протеини

А протеините ги надополнуваат оштетените клетки во бубрезите, мускулите, косата, ноктите и коските.

Причина плус: Вкусот одлично и се дополнува со слатките зачини како цимет и мускатно оревче.

Би можело да ве интересира:

Праскa или нектаринa - која е поздрава и која содржи повеќе калории и шеќери? Нектарините се разликуваат од класичните праски по неколку нешта: едните содржат...
Лубеница, пченка - Како да ги складирате овошјето и зеленчукот за да бидат свежи подолго? Немојте да ги отстранувате листовите на пченката, а компирите најдобро чувајте г...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Храна што не треба да се подгрева во микробранова печка (и зошто?) Од рибата во микробранова ќе замириса цел стан, а месото станува суво и тврдо. П...
Маслиново масло или маслинки - што е поздраво и кои се придобивките? Треба да се спомене дека и маслиновото масло и маслинките содржат ...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg