Зошто од сега ќе ги замрзнувате лимоните?
Лимонот е толку здраво овошје што од него не смеете да ја фрлите ниту кората, а замрзнатиот лимон е вистински еликсир не само за негување на лицето и кожата, туку и за здравјето и неверојатниот вкус.
Еликсир од лимон
Едноставно е – лимонот добро го миете и го ставате во замрзнувач, а откако добро ќе замрзне потребно е да го изрендате. Вака изренданиот лимон можете да го користите во салати, сладоледи, супи, житарици и што ли уште не.
Она што ќе го доживеете е сосема нов вкус во кој со сигурност ќе уживате, а и ќе бидете поздрави.
Лимон за слабеење
Лимоновата кора содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од самиот сок од лимон, а воедно му помага на телото да се ослободи од токсините.
Лимонот има антибактериско дејство и помага во лекувањето на габичните инфекции, а делува и како антидепресив, па добар борец е против стресот.