Како правилно да го замрзнете овошјето и зеленчукот?
Сега е вистинскиот момент да го наполните замрзнувачот со совршено зрели и здрави овошја и зеленчуци.
Прва работа која треба да ја направите е темелно да ги измиете плодовите и да проверите да не се презреани. Секое мало дупче или скапано ќоше може да направат штета.
Колку долго може да издржат замрзнати плодовите?
Зеленчук
- Печурки: до 3 месеци
- Цвекло, праз, тиквички: до 6 месеци
- Кељ: до 8 месеци
- Блитва, карфиол, грашок, зелка, пиперка, домат, модар домат, спанаќ: до 12 месеци
Овошје
- Праски, сливи, вишни, костени, кајсии: до 8 месеци
- Дињи, јаболка, јагоди, круши, капини, рибизли: до 10 месеци
- Дуњи, грозје, смокви: до 12 месеци
Важни упатства:
Сочувајте ги плодовите цели
Овој начин на замрзнување е најпогоден за ситното овошје. Одберете здрави плодови, исчистете ги, ставете на послужавник и така замрзнете. Потоа извадете, па спакувајте во кеси. Така можете да чувате смокви, сливи со семки, јаболка насечени на парчиња...
Со шеќер
Овошјето можете да го замрзнете и заедно со 200 грама шеќер на секој килограм. Распоредете во слоеви и спакувајте во кеси. Овој начин е посебно препорачлив за пакување на праски и дињи.
Нова техника: Бланширање на плодовите
Бланширањето е постапка при која овошјето или зеленчукот се потопува во вода која врие. Тврдите плодови треба да отстојат во зовриена вода до 4 минути, а меките од 1 до 3 минути. Потоа овошјето или зеленчукот се прелива со студена вода додека не се олади.
За 1 килограм зеленчук ви требаат 8 до 10 литри вода.
Кога плодот ќе се избланшира, спакувајте во кесички. На овој начин се задржуваат повеќе витамини отколку кога се замрзнуваат сирови.