18 трикови како храната да трае подолго: Кромид во хулахопки, путер на кашкавал
10. Добро организирајте го фрижидерот
Најдобро е да го пронајдете најоптималниот начин за организирање на вашиот фрижидер на тој начин што сите продукти ќе ви бидат барем минимално видливо. На тој начин ќе спречите некој од нив да се расипе и да остане така во фрижидерот ширејќи бактерии.
11. На дршката на бананите навртете пластична фолија
На овој начин бананите ќе ви траат барем уште 3 до 5 дена подолго.
12. Исечканата салата чувајте ја обвиена во пластична фолија и салфета во внатрешноста
Салфетата ќе ја апсорбира целата влага која ќе се налепува на фолијата и салатата ќе остане посвежа.
13. Брокулите, кинеската марула и дршките од целерот заштитете ги со фолија
На овој начин ќе останат свежи и крцкави и до 4 недели.
14. Чистете го фрижидерот секој пат кога ќе ви замириса
Не оставајте работите да скапуваат подолг период во него. Бактериите кои ги испуштаат ќе се шират насекаде во внатрешноста на фрижидерот и ќе предизвикуваат скапување и на останатите состојки.
15. Како да ги чувате доматите?
Не ги чувајте во пластични кеси. Чувајте ги со дршката надолу во еден ред и во сместени во фрижидерот или во дрвени гајби.
16. Свежиот ѓумбир чувајте го во фрижидер
Така многу полесно ќе го лупите и сечкате, а подолго ќе трае без да скапе.
17. Јаткастите плодови веднаш по купувањето испечете ги, а потоа чувајте ги во фрижидер
Испечените јаткасти плодови го задржуваат вкусот и траат подолго. Печете ги на температура од 220 степени, цели 15 минути и потоа ставете ги во фрижидер.
18. Печурките чувајте ги во хартиена кеса
Пластичната кеса создава влага која ќе направи само побргу да скапат. Во хартиената кеса влагата се ослободува преку порите на самата кеса.