Мали тајни: Како да ја одберете најслатката лубеница?

Конечно пристигна сезоната на лубеницата, а со неа и маката за одредување дали е зрела и сочна. Не грижете се, постојат неколку трикови со кои секојпат ќе уживате со сласт во омилениот летен вкус.

mali-tajni-kako-da-ja-odberete-nakslatkata-lubenica-001.jpg

1. Убавината е важна

Бидете во потрага по цврста и симетрична лубеница без пукнатини, вдлабнувања или меки делови на кората.

Без разлика на тоа од каква природа се оштетувањата на надворешноста на лубеницата, истите се пренесуваат и во внатрешноста.

Неправилностите настануваат во текот на растењето на лубеницата како резултат на недостаток на вода или пак претерана изложеност на сонце.

kako-sekojpat-da-ja-kupite-najslatkata-lubenica-1.jpg


2. Подигнете ја

Зрелата лубеница дури 92% е составена од вода и околу 6% шеќер.

Тоа значи дека кога ќе ја ставите во вода таа со многу мал дел ќе плови на површината на водата, но секако дека нема да одите на пазар со кофа вода.

Најдобро е да земете две лубеници со приближно еднаква големина и да ги споредите во тежина.

Онаа потешката е и послатка.

kako-sekojpat-da-ja-kupite-najslatkata-lubenica-2.jpg


3. Проверете го делот каде што е потпрена лубеницата

Делот каде што е потпрена лубеницата треба да има жолтеникава боја. Тоа е делот каде лубеницата лежела на површината на земјата додека созревала на сонце.

Што е местото потемно, тоа подобро. Ако е бледо или воопшто не постои, тогаш лубеницата била набрана прерано.

kako-sekojpat-da-ja-kupite-najslatkata-lubenica-3.jpg

mali-tajni-kako-da-ja-odberete-nakslatkata-lubenica-02.jpg

 
4. Боја

Совршено зрелата лубеница е темно зелена и матирана. Ако е сјајна, постојат поголеми шанси да биде помалку блага.

kako-sekojpat-da-ja-kupite-najslatkata-lubenica-4.jpg


5. Чукање

Многумина велат дека не успеваат со оваа метода да откријат дали лубеницата е зрела или не, но тајната е во анализирањето на звукот.

При чукнувањето незрелата лубеница има подлабок тон, а зрелата повисок.

kako-sekojpat-da-ja-kupite-najslatkata-lubenica-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg