Избегнете го труењето: Како да го препознаете расипаното месо?

Консумирањето на расипано место е најчестата причина за летните труења со храна. За да се заштитите, најважно е да го препознаете.

izbegnete-go-truenjeto-kako-da-go-prepoznaete-rasipanoto-meso-001.jpg

Не мора да повторуваме дека прв и најважен чекор е проверувањето на датумот. Откако ќе го направите тоа, сепак преиспитајте ги и овие знаци:

1. Месото може да биде расипано и доколку рокот на траење не е истечен, затоа внимателно проверете му ја бојата. Исправното месо од живина треба да биде од сино-бела до жолта боја, а исправната боја на свинското е сиво-розова. Меленото месо може лесно да ве прелаже, затоа прекинете ја неговата консумација. Бојата на јунешкото е уште една замка, затоа што тоа се поврзува со црвена боја. Но, црвенкастата боја не е природна, а до неа доаѓа заради долгиот контакт на месото со воздухот, што значи или месото не е добро вакумирано или чувано во вистински услови и е ризично за консумирање.

2. Најдобар начин за да утврдите дали место е безбедно за јадење е да го проверите неговиот мирис. Ако мириса непријатно, оставете го. Пилешкото има лесно препознатлив мирис кога ќе почне да се расипува. Некои маркети користат хемиски додатоци за месото да изгледа свежо дури и ако е при крај со рокот на траење, затоа секогаш најпаметно е прво да го помирисате пред да го купите.

3. Расипаното месо често добива лигава текстура заради размножувањето на бактериите по него, па тоа е третиот знак по кој ќе го препознаете.

Важно: Недоволно вареното или печено место може да биде подеднакво лошо, дури и да нема бактерии во него.

Би можело да ве интересира:

Моркови, компири, зелка – Како да ги изберете најдобрите (и најсвежите) овошја и зеленчуци? Кај младиот компир, важно е да нема зелени дамки, додека кај бабурите, важно е д...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...
Идеи за летни собиранки: Како да сервирате овошје за гостите? (фото) Наредени на стапчиња за ражнич, исечкани уредно и спакувани во корнет или сервир...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg