9 летни намирници од кои може да завршите во болница
Бактериите кои се наоѓаат во речиси сите намирници, посебно брзо се размножуваат кога надвор е топло. Затоа, неретко се случува нивниот спој да предизвика труење.
Ова се само дел од намирниците на кои треба посебно да внимавате ова лето ако не сакате да завршите во болница со инфузија во рака:
1. Зелен лиснат зеленчук
Најголемиот проблем настанува ако ги консумирате сирови. За да го намалите ризикот од труење, освен темелното миење на листовите, може да ги оставите да отстојат барем 15 минути во оцет пред да ги исечкате за салата. Исто така, внимавајте рацете секогаш да ви бидат чисти.
2. Јајца
Најчестиот извор на салмонела. Избегнувајте ги сите мајонези, тирамису десерти и слични јадења во кои има преработени јајца. Ако веќе сакате да ги консумирате, најдобро е да ги сварите или испржите дома.
3. Месо
Најопасно е пилешкото, а меленото говедско месо е веднаш зад него. Затоа најсигурно е термички да го обработите, да ги измиете рацете пред и по подготовката, како и да ги пребришете сите површини на кои сте го подготвувале месото.
4. Туна
Ако по ловењето стоела на температура повисока од 16 степени, туната може да испушти токсин кој предизвикува главоболка, грчеви и црвенило. Што е уште полошо, тој не се уништува при пржењето или печењето на рибата. Затоа, најпаметно е да ја избегнувате туната.
5. Школки
Морската вода неретко е загадена околина, заради што школките ги собираат токсините од неа. Освен тоа, ако се јадат недобро подготвени може да предизвикаат токсин кој предизвикува проблем во цревата или бактерија која предизвикува слабост и повраќање.
6. Сирење и кашкавал
Главно правило - колку што е потврдо сирењето, толку е посигурно. Сепак, труењата предизвикани од овој млечен производ се многу почести во лето, па затоа посебно на трудниците им се препорачува да ги избегнуваат сите кашкавали и сирења, посебно фетата.
7. Домати
Зелената салата и доматите се најзагадените зеленчуци кои ги консумираме во лето. Затоа, доматите држете ги посебно од сите останати намирници, а пред подготовката темелно измијте ги рацете со топла вода, а нив со студена.
8. Дињи и лубеници
Не содржат бактерии, но проблемот е во кората. При сечењето бактериите навлегуваат во внатрешноста, па затоа препорачливо е прво добро да ја измиете кората и да го изгребете првиот слој со нож.
9. Шумско овошје
Растат блиску до земја, а неретко доаѓаат и од далеку, па пред да ги консумирате задолжително оставете ги да отстојат во вода. Сепак, најдобро е да ги јадете во облик на џемови и компоти или печени во колачиња.