8 Работи кои треба да ги јадете и 2 кои треба да ги исфрлите ако сакате здрава сперма
Ако сте подолго време во врска или брак и сакате да зачнете дете, но не ви успева, можеби треба да повнимавате на исхраната.
Една петина мажи имаат мал број сперматозоиди, а еден од шест парови има потешкотија при зачнувањето поради лошиот квалитет на спермата што е причина за неплодноста во 20 отсто од случаите.
Антиоксидансите би требало да ја штитат спермата.
Причината за тоа се слабата исхрана, пушењето, хемикалиите во околината и слабиот процес на детоксикација во телото.
Семето нормално содржи антиоксиданси кои ја штитат спермата од штетата која ѝ ја нанесуваат слободните радикали. Ако на кој било начин природниот одбранбен систем е разнишан, влијанието на спермата може да биде екстремно штетно.
Особено е важно да ги отстраните причинителите за потенцијалната штета која ја нанесуваат слободните радикали и да јадете храна богата со антиоксиданси, од леќа до темно чоколадо.
Ова е најдобрата храна за машката плодност:
1. Домати
Тие се најдобар извор на антиоксидансот ликопен кој го подобрува движењето на спермата, активноста на сперматозоидите и нивната структура. Него го има повеќе во варените и процесираните домати. Користете пасирани домати и додајте им маслиново масло за да помогнете во апсорпцијата.
2. Ореви
Оревите се богати со Омега 3 масни киселини. Консумацијата на една шака ореви, околу 75 g дневно, ја зголемува виталноста на спермата. Сперматозоидите се пораздвижени и имаат подобар облик и големина. Оревите се одличен додаток за вкус во салатите или како ужина за да се поправи нивото на шеќер.
3. Семки од тиква
Содржат многу цинк кој има важна улога во развојот на спермата и производството на тестостерон. Богати се и со некои други важни минерали и витамини. Бирајте сирови семки од органски тикви за да добиете оптимална хранлива вредност. Додајте ги во салата, смути, житарици...
4. Леќа
Таа е најбогата со фолат (природна фолна киселина) која за машката плодност еднакво важна како и за женската. Утврдено е дека мажите кои помалку внесуваат фолат имаат повеќе хромозомски абнормалности во спермата. Леќата е одличен растителен извор на протеини и влакна.
5. Боровинки
Боровинките се добар извор на силни противвоспалителни антиооксиданси, вклучувајќи кверцетин и ресвератол. Истражувањата покажуваат дека кверцетинот може да помогне во одржувањето здрави параметри на спермата вклучувајќи подвижност и квалитети, а резерватолот го подобрува бројот на сперматозоиди и нивното движење. Дневно е добро да консумирате по една шака боровинки.
6. Вода
Најдобар начин за да ја подобрите спермата е да пиете доволно вода. Семето е базирано на вода и зголеменото количество на внесена вода може да ви помогне во зголемувањето на производството на ејакулат. Пијте вода, не кофеин, кој е диуретик или газирани пијалаци кои може да бидат поврзани со намалениот број сперматозоиди.
7. Калинка
Се смета за супер храна која содржи високо количество антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата, го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и делува противвоспалително. Истражувањата покажуваат дека калинката го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува сексуалната желба кај двајцата партнери. Една чаша сок од калинка дневно може да направи многу корисни промени.
8. Темно чоколадо
Црното чоколадо е богат извор на аминокиселината ларгинин за која се докажало дека го зголемува волуменот на ејакулацијата, бројот на сперматозоидите и нивната подвижност. Колку чоколадата е потемна, толку подобро.
Покрај 8-те работи кои треба да бидат дел од вашата секојдневна исхрана, постојат и 2 работи кои би требало да ги избегнувате ако сакате здрава сперма:
1.Кофеин
Кофеинот ги намалува шансите за да забремени жената и лошо влијае на спермата. Добро би било и двајцата партнери да се ограничат на една лажичка кафе.
2. Диетални газирани пијалаци
Додадените и заменски засладувачи се поврзани со намалениот број сперматозоиди и може да имаат улога во оштетените ДНК сперматозоиди. Истражувањата покажуваат дека мажите кои пијат многу газирани пијалаци имаат помал број на сперматозоиди.