Погрешно сте ги миеле овошјето и зеленчукот цел живот!
Иако понекогаш работите изгледаат навидум едноставни, тие во суштина се многу покомплицирани.
Човекот како најсовршено суштество мисли дека се што е очигледно, може да се направи на негов начин кој е најбезбеден и најдобар, но тоа не секогаш е така како во случајот со миењето на овошјето и зеленчукот.
Како ќе реагирате да ви каже некој дека цел живот погрешно сте ги миеле овошјето и зеленчукот?
Сигурно ќе речете дека тоа не е точно, но грешите. Иако постојат зеленчуци и овошја кои се едноставни за миење, исто така постојат и следниве примери на кои треба обрнете поголемо внимание при миењето.
1. Авокадо
Сигурно не го миете авокадото пред да го излупите, но тоа е погрешно бидејќи со допирање на ножот на неговата кора се пренесуваат бактерии кои ненамерно при лупењето се лепат за авокадото.
2. Јаболко
Иако навидум лесно за миење, јаболкото содржи многу бактерии во пределот на дршката која ретко ни текнува убаво да ја измиеме.
Доколку не верувате измијте го јаболкото на обичен начин, а потоа земете бела крпа и протријте го. Ќе забелите кафеави траги на неа. Затоа најдобро е јаболкото секогаш убаво да се мие со четка.
3. Црвена пиперка
Црвената пиперка никогаш не треба да ја миете со гола рака. Пожелно е да ја миете со ракавица бидејќи постои можност да е лута. Лутото останува на вашите прсти цел ден, па не дај боже случајно да се допрете на очите или устата.
4. Брокула
Брокулата има многу бактерии кои се сокриени во горниот дел и затоа не треба да се мие директно под вода, туку да се остави во сад со ладна вода да отстои две до пет минути.