Како до рамен стомак за само неколку часа?
Надуениот стомак понекогаш може да ни ги уништи плановите и да не премисли да облечеме тесно фустанче или маичка...
Но, со помош на овие трикови можете да ја победите надуеноста за само неколку часа.
Лимонада
Доколку имате на располагање неколку часа пред да излезете, исцедете еден свеж лимон и помешајте го со вода, па додајте малку каенски бибер.
Лути зачини
Каенскиот бибер е одличен зачин кој го стимулира варењето на храната и ја намалува подуеноста. Во пијалак по избор додајте една кафена лажичка од овој зачин и почекајте ги резултатите.
Коркума
Исто како и каенскиот бибер, така и коркумата е одлична за намалување на надуеноста на стомакот. Можете да ја набавите како прашок и да ставите една кафена лажичка во било кој пијалак.
Кокосова вода
За да го хидрирате телото и да ги исфрлите сите токсини кои предизвикуваат појава на надуеност мора да пиете што повеќе течности. Кокосовата вода, заради хранливите состојки кои ги содржи, делува многу подобро од обичната вода за пиење.
Ѓумбир
Ѓумбирот е една од главните состојки кои се користи за постигнување на рамен стомак во најкраток можен рок. Можете да направите свеж сок, чај или смути, а и доколку имате грчеви, благодарение на ѓумбирот тие ќе исчезнат.
Чај од нане
Ако сакате да се напиете уште нешто плус, покрај кокосовата вода и обичната, тогаш чајот од нане исто така ќе ви помогне да ја намалите надуеноста.
Спанаќ
Спанаќот исто така е делотворен кога станува збор за намалување на подуеност, бидејќи го забрзува процесот на варење на храната. Можете да направите смути, во комбинација со другите намирници, кои до сега беа споменати и нема да имате проблем со облекување на тесните фустанчиња.
Испотете се
Ако имате повеќе време пред излегување, тогаш направете некои вежби како стомачни, качување по скали, долго пешачење, трчање, возење велосипед или слично. Потењето ќе ви помогне да дојдете до рамен стомак за брзо време и преку потта ќе ги исфрлите токсините.