Кој е идеалниот тип на масло за вас?

Маслото е најупотребуваниот додаток на секоја храна. Речиси и да не постои оброк во кој не го ставаме. Постојат неколку важни работи на кои треба да им обрнете внимание пред вистинскиот избор за вас.

koj-e-idealniot-tip-na-maslo-za-vas-01.jpg

Важни работи при изборот на маслото се колку и каков тип на масти содржи и што е најважно дали може да се употребува за пржење.

Она што сакате да избегнете кај маслото се транс мастите. Тие се број еден непријател на кардиоваскуларниот систем.


1. Маслиново масло

Синоним за медитеранската кујна направено од свежи маслинки. Ладно цеденото масло е совршено за салати, супи, тестенини и риба. Сепак не е пожелно да готвите со него затоа што веќе на 165 степени започнува да гори.

koj-e-idealniot-tip-na-maslo-za-vas-1.jpg


2. Кокосово масло

Ова масло е најпознато и најпопуларно масло на денешницата. Се користи во многу домашни рецепти за убавина и нега на кожата, но и во исхраната. Научниците препорачуваат една лажичка на ден во секоја диета. Содржи високо ниво на заситени масти има интензивна арома и слатко е. Добро е за регулирање на холестеролот и забрзување на метаболизмот.

koj-e-idealniot-tip-na-maslo-za-vas-2.jpg


3. Сончогледово масло

Ова е најупотребуваното масло на нашиов простор и се добива од сончогледовото семе. Има неутрален вкус и висока точка на горење. Со целите 225 степени на горење ова е идеално масло за готвење. Сепак не е многу здраво заради адитивите кои ги има во себе и не се препорачува за секојдневна употреба.

koj-e-idealniot-tip-na-maslo-za-vas-3.jpg


4. Масло од кикирики

Ова масло се добива од цветот на кикириките и претставува идеално масло за оние кои обожуваат да ги пржат своите оброци. Гори на температура од 230 степени и е совршено за подготовка на крофни. Содржи и заситени и незаситени масти како и високо ниво на полисахариди и моносахариди.

koj-e-idealniot-tip-na-maslo-za-vas-4.jpg

Би можело да ве интересира:

4 совети од нашите баби за крофните да не впиваат многу масло и да останат меки Со овие едноставни совети кои се пренесуваат со генерации, крофните веќе никогаш...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Кулинарски грешки поради кои не ви успеваат ни едноставните рецепти Ако палачинките ви излегуваат тегави, тогаш најверојатно многу го матите тестото...
Што да јадете во секоја деценија од животот за да ги задржите младешкиот изглед и здравјето? Во 20-тите и 30-тите години од животот, важно е да се фокусирате на мускулната м...
Трикови за готвење од Инстаграм инфлуенсери, што не се практични и не функционираат „Пробав да направам од оние вирални рецепти, каде што стават тестенини со цело п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg