3 зеленчуци кои го уништуваат целулитот
Во борбата со целулитот најважна е здравата и правилна исхрана богата со салати. И покрај тоа што е невозможно да погрешите со изборот на зеленчук, сепак постојат 3 плодови кои двојно побрзо ќе го уништат целулитот под кожата.
Сладок компир
Ова е еден од најстарите, најхранливи и најздрави зеленчуци. Содржи калиум, витамин Ц и Е, како и бета каротен. Одличен антиосиданс е, па ја подобрува циркулацијата и ги елиминира токсините - а тоа се двете најважни работи кои ќе ве ослободат од целулитот.
Брокула
Овој зеленчук е одличен борец против целулитот од 3 причини. Прво, содржи киселина која помага против стврднувањето на колагенот. Второ, претставува концентриран извор на витамин Ц и диетални влакна. За крај, брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциум, кој е одличен борец против целулитот.
Прокељ
Овие мали топчиња слободно може да ги сметате за „таблети“ против целулитот. Освен витаминот Ц, прокељот содржи супстанци кои ги исфрлаат штетните материи од телото, а воедно и го враќа квалитетот на колагенот, заради што кожата е поеластична и поздрава.
И не заборавајте, овие зеленчуци се најздрави варени на пареа. Само така ќе ги сочувате максималните здравствени вредности.