Како да откриете дека рибата што ја купувате е свежа?
Ако рибата се вбројува меѓу вашата омилена храна, тогаш треба да научите како да ја одберете вистински свежата риба и да уживате во нејзиниот вкус.
Постојат неколку показатели кои упатуваат на нејзината свежина, затоа следниот пат штом ќе одите да купувате риба обрнете внимание на овие 4 знаци:
1. Кожата на рибата треба да свети, а не да изгледа суво. Убаво погледнете ја кожинката на рибата и направете споредби меѓу повеќе риби за да ги воочите разликите.
2. Месото на рибата треба да биде цврсто, а не сунѓересто. Можеби тоа нема да успеете да го забележите на лице место, но штом ќе почнете со подготовка на рибата лесно ќе воочите дали станува збор за свежа риба или не.
3. Рибата не треба да има силен мирис. Ако рибата има силен мирис, тогаш таа со сигурност не е свежа.
4. Ако купувате цела риба, погледнете ги нејзините шкрги, тие треба да бидат црвени, а не бледи. Исто така, очите на рибата треба да бидат сјајни, а не матни и повлечени.