6 потценети хранливи суперѕвезди
1. Грав и Леќа
Гравот и леќата се хранливи суперѕвезди- богати со протеин, влакна, сложени јаглехидрати, железо, магнезиум,калиум и цинк. Гравот е разновидна храна која е лесна за вашиот паричник. Има десетици есенцијални храни како гравот или леќата наредени на полиците кои не треба да бидат занемарени. Натриумот во лименките грав може да се намали за 40% со темелно миење на гравот во вода.Применувањето на режим на исхрана богата со легументативи може да помогне во намалувањето на телесната тежина, намалувањето на лошиот холестерол (LDL) и зголемувањето на добриот холестерол (HDL).
2. Лубеница
Лубеницата е сечие омилено летно овошје. Но бидејќи е толку природно слатка, некои луѓе ја избегнуваат бидејќи мислат дека содржи многу шеќер. Лубеницата треба да биде дел од секоја диета. Забавна е за јадење, блага е, сочна, и е полна со витамин Ц и А, калиум и ликопен. Бидејќи е толку богата со вода, помага да се задоволат дневните потреби за вода. Бонус е тоа што нејзината дебела кора ги држи пестицидите подалеку од внатрешноста.
3. Слатки Компири
Слатките компири често се сметаат за висококалорични и полни со јаглехидрати бидејќи се толку природно слатки. Но не дозволувајте тоа да ве излаже. Не само што е одличен извор на бета каротен, витамин Ц, хранливи влакна и калиум, овој потценет зеленчук е толку разновиден што му требаат многу малку додатоци за да може да биде целосен оброк.
4. Црвена Зелка
Богата со антиоксиданти, овој зеленчук може да ги зголеми ензимите во борбата против ракот. Може да ја јадете свежа, зготвена,слатка, кисела или како додадок во супи и сендвичи.
5. Домати во конзерва
Сите сметаат дека свежите домати се најдобри, но со варењето на домати се ослободува ликопен кој помага во борбата со некои болести. Студија во 2009 Journal of Clinical Oncology покажува дека исхрана богата со домати може да помогне во превенција на рак на простата. Секако дека животниот стил и генетичките предиспозиции влијаат на ризикот од рак. Ако доматите во конзерва не ви се омилени, тогаш можеби сокот од домати е правилниот избор.
6. Крем Јогурт
Има многу типови на јогурти на пазарот, ама обичниот, крем јогурт се истакнува над сите.
Сите јогурти се одличен извор на калциум, калиум, протеини, витамин Б6 и Б12. Она што го разликува крем јогуртот е неговата погуста, кремаста текстура бидејќи од него е отсранета течноста. Истотака содржи помалку лактоза и има 2 пати повеќе протеини од обичниот јогурт, што го прави одличен при контрола на тежина, затоа што те остава подолго да се чуствуваш сит. На нашиот пазар од неодамна е достапен крем јогуртот Fit кој ги има сите бенефити на ваков високо протеински, нискомаслен јогурт.