Живот на висока нога: Како изгледа вечера од 225 долари? (фото)
Со еден збор: Скапо! „Eleven Madison Park” заслужено е прогласен за најдобриот ресторан во Америка во кој можете да порачате оброк по цена од 225 долари, а истиот трае цели 3 часа.
Шефот на кујната, Даниел Хем ужива во француската кујна и нуди исклучителни оброци кои се подготвувани од свеж зеленчук, а неговата разновидна храна не престанува да ги изненадува и опсипува со задоволство своите гости.
Луксузниот ресторан нуди мени преку кое ќе имате можност да пробате сплет од најразлични вкусови.
Почнувајќи со вкусните, мали лепчиња со кашкавал големи колку еден залак и уживајќи во вкусно и сортно вино, вечерата продолжува со зеленчук подготвен на најразличен начин.
Да имавте еден куп пари, еве како ќе ви изгледаше секоја вечера: