5 корисни употреби на лушпите од јајцата на кои не сте се сетиле до сега
Освен што е најчесто користена состојка во сите рецепти и оброци, јајцето има низа корисни употреби за кои до сега не сте биле свесни.
На пример, лушпата која инаку ја фрлате можете да ја искористите на барем 5 начини.
1. Природен пестицид
Издробете ја лушпата од насобраните јајца и поставете ја во круг околу цвеќето кое упорно ви го напаѓаат мали инсекти. Мирисот на јајцето ќе ги избрка сите несакани гости од дворот.
2. Чистач за бигор
Добро иситнете ја лушпата од јајцата (најдобро е да ја ставите во кујнска крпа и да удирате со чекан за месо) а потоа помешајте ја со јаболков оцет. Ова средство користете го за отстранување на бигорот од садовите и мијалниците во домот.
3. Кујнско помагало
Кога немате калап, а сакате да направите интересни колачиња, направете едно мало дупче во кората на јајцето и исцедете ја внатрешноста без да го кршите. Лушпите измијте ги со млака вода и потоа користете ги како калап. Целата постапка погледнете ја тука.
4. Најевтин водоинсталатер
Неколку лушпи од јајце иситнете ги и ставете ги во одводите низ домот. Потоа пуштете ја чешмата силно да тече. Под млазот вода, лушпата ќе помине низ цевките и на себе ќе ги задржи сите нечистотии и маснотии.
5. Средство против чешање
Лушпите од јајце оставете ги во стаклена тегла со јаболков оцет 2 дена. За тоа време лушпата ќе омекне и ќе настане хомогена смеса која можете да ја користите за премачкување на иритираната кожа или кај убод од инсекти.