Имате изгореница? Ова е мевлемот кој ќе ја смири веднаш!
Како резултат на невнимание, незгода или пак обично излегување на сонце, може да ја изгориме кожата.
Сите знаеме дека чувството е непријатно и пече, но постои лек кој ќе го спречи сето тоа веднаш.
Овој мевлем кој лечи изгореници, без разлика дали биле од невнимание на шпорет или излегување на сонце без заштитна крема, ќе стане вашата нова превенција од изгореници, па затоа е подобро да го имате при рака секогаш.
Се подготвува со 30 грама пчелин восок, шолја природно маслиново масло, 30 грама цветови од невен и 30 грама листови од гавез, 30 грама цветови од кантарион, 30 грама цветови од боквица и 50 капки етерично масло од лаванда.
Состојките се ставаат во едно тенџере на пареа во кое ќе го ставите прво маслиновото масло, а потоа сите исушени листови од секое растение над него.
Мешајте и загревајте ги состојките околу еден час на ниска температура, а потоа исцедете го нивниот сок заедно со маслото низ газа во шолја.
Стопете го пчелиниот восок и откако ќе стане течен додајте го етеричното масло од лаванда и исцедениот сок од листовите.
На крај сипете го целиот мевлем во една тегла и истата ставете ја на првиот рафт во кујната или на место кое ви е на дофат на рака во случај на незгода или обично горење на сонце.