10 Правила на исхрана кои Италијанците ги почитуваат
Дали е возможно да бидете витки во земјата на пицата и тестенините? Веројатно доволно е само да фрлите еден поглед на прекрасните Италијанки и да прочитате за нивните правила за исхрана...
Италија никогаш немала проблем со дебели личности, ако го земеме предвид фактот дека нивната храна се базира на јаглехидрати.
Погледнете ги правилата на Италијанките кои вреди да ги почитувате ако сакате да симнете по некој килограм:
1. Трикот е во балансот и малите порции
Во Италија се јаде често, но во помали порции. Овие луѓе не водат сметка за калориите, туку престануваат да јадат тогаш кога чувствуваат дека имаат простор за едно кафе. Во нивното мени секогаш има совршен баланс: колку масти, колку јаглени хидрати, шеќери, повеќе риба и пилешко, а поретко консумираат црвено месо.
2. Користат само едно масло: Маслиново
Маслиновото масло е основна состојка на секое Италијанско јадење. Тие го користат како главно масло за салатите, за сосовите, за пржење и невозможно е да се замисли италијанската кујна без него.
3. Консумираат што повеќе свежа, сирова храна
Во егзотичната Сицилија каде секоја храна е збогатена со риба, домати, јајца, зачини и лимон, пастата како и останатите оброци се служат свежи со капка маслиново масло. Оброците се секогаш оригинални и сервирани во мали порции, но пред сѐ со свежи продукти.
4. Секогаш на прошетка
Италијанците го користат секое слободно време за мали прошетки. Наместо да користите јавен превоз или автомобил, прошетајте до дома после работа.
5. Мали порции за појадок
Појадокот во Италијанските семејства никако не смее да биде прескокнат. Но, за разлика од големиот број на Европејци, Италијанците за појадок практикуваат да изедат кроасан или некој колач со кафе.
6. Ретко пијат газирани пијалаци
Многу ретко можете да видите Италијанец со било каков газиран пијалак за време на ручекот или вечерата. Овие пијалаци содржат големо количество на шеќери, а како одлична замена за нив е газираната вода со неколку парчиња лимон.
7. Брза храна? Не доаѓа предвид!
Ако некогаш сте влегле во италијански супер маркет, сигурно сте забележале дека делот со чипсот и газираните пијалаци зазема мал дел. Во оваа земја луѓето ретко грицкаат, а никогаш не посегнуваат по високо калорична, брза храна.
8. Пицата не е за секој ден
Во Италија пицата се консумира најмногу за време на викендите, кога се излегува со друштвото. Но, тие најмногу ја порачуваат пицата со разни видови сирења и зеленчуци, која секако има малку калории, а преполна е со хранливи состојки.
9. Лесна вечера
Последниот оброк кај Италијанците е резервиран за некој лесен оброк. Типичната вечера вклучува супа, мала порција месо или паста, сервирана со порција сирење и зеленчук.
10. Не држат диети
Италијанците не спаѓаат во онаа група на нации кои се окупирани со држење диети. Сакате да ослабете? Избегнувајте пржена храна, користете домашен сос од домати и консумирајте многу зеленчук. И последниот совет: Уживајте во храната и јадете без грижа на совест.