Претпролетна детоксикација: Исчистете го организмот без мака
Ако веќе со денови ги чувствувате последиците од зимската храна, отежнато се движите и поспани сте, тогаш време е за промени.
Полека, но сигурно се приближуваме кон пролетта, па време е за детоксикација на организмот:
1. Детоксикацијата не мора да биде комплицирана, туку доволно е да го започнете денот со една чаша топла вода со лимон. Оваа комбинација ќе го раздвижи вашиот организам, кој побрзо ќе ги исфрли токсините и ќе го олесни празнењето на цревата.
2. Медицинскиот јаглен треба секогаш да си го чувате во домот, бидејќи тоа е состојка која ги впива штетните состојки од дигестивниот систем. Во мали дози тој е лековит и не штети, а ако сакате да го користите повеќе консултирајте се со доктор.
3. Во исхраната задолжително вклучете ги зачините како ѓумбир, цимет и куркума, кои добро ќе ги исчистат вашите црева и ќе помогнат во исфрлање на токсините.
4. Ако заедно со сѐ горенаведеното ја избегнувате и високопреработената храна, особено онаа во конзерви и замрзнатата, веќе за 1 седмица ќе се чувствувате многу подобро.