Заборавете на овие намирници и исфрлете ги вишокот течности од организмот

Неопходно е да внесуваме течности во организмот, бидејќи тие ни се потребни за нормално да функционираме секојдневно. Меѓутоа, постојат намирници кои треба да се избегнуваат заради фактот што предолго ги задржуваат течностите во нашиот организмот.

zaboravete-na-ovie-namirnici-i-isfrlete-gi-visokot-tecnosti-od-organizmot-01.jpg

Од сѐ по малку е формула која не може да ви наштети. Кога јадете одреден оброк треба да знаете колку течност содржи и како тоа ќе влијае на вашиот организам.

Затоа погледнете што е добро, а што лошо за вашиот организам:

1. Колку и да ви го подобрува вкусот на храната, сепак солта штетно делува на организмот. Прекумерно солените оброци никако не се пожелни, бидејќи овој зачин ги задржува течностите во организмот. Тука настануваат проблемите со бубрезите, отоци под очите, надуеност и лошо варење.

2. Прекумерното консумирање на млечни производи е исто така лошо за организмот. Млечниот шеќер, односно лактозата која е дел од млечните производи тешко се вари во нашиот организам, па затоа е подобро да намалите со консумирање на кајмаци, сирење, разни јогурти...

3. Иако сите знаеме дека едно јаболко во ден значи здраво срце. Меѓутоа, јаболкото исто така може да биде проблем. Нутриционистите сметаат дека јаболкото влијае врз задржување на течностите во организмот.

4. Зелка, брокула, кељ, грашок и карфиол се намирници кои содржат шеќери кои тешко се варат, ги задржуваат течностите и предизвикуваат гасови. Затоа и овие намирници треба умерено да се консумираат.

5. Гравот во својот состав содржи 21 аминокиселина, а за нормално функционирање на организмот потребни се 24. Тоа е доволна причини грав да консумирате исклучиво 1 неделно. 

Би можело да ве интересира:

Храна која ќе ве држи сити подолго (а има малку калории) Поради хранливите влакна и другите состојки, јаболкото ќе ве засити, а чувството...
9 намирници што го поттикнуваат растот кај децата (и ја даваат потребната енергија) Мешунките, вклучувајќи грав, леќа и наут, се добар извор на протеини, железо и р...
Како да го избегнете дебелеењето во есен и зима (и да ослабите до летото)? Внесувајте повеќе хранливи влакна кои ќе ве држат сити подолго време и ќе ви пом...
Која е разликата помеѓу „здрави“ и „нездрави“ масти (и која храна ги содржи)? Додека таканаречените здрави масти можат да го намалат холестеролот, нездравите ...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Намирници што е најдобро да ги купувате замрзнати (според професионални готвачи) Бобинки, ракчиња и големи количини месо - кои продукти е подобро (и поекономично...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg