10 употреби на газираните пијалаци, освен за пиење
Газираните пијалаци не се најдобри пријатели на нашето здравје, но за некои други работи може многу да помогнат. Особено се корисни во домаќинството за отстранување на разни дамки и нечистотии.
Пробајте некој од овие совети:
1. За отстранување на мрсните дамки од ткаенината
Потурете на дамката од газираниот пијалак и оставете да отстои околу 5 минути, па исперете ја.
2. За отстранување `рѓа од ткаенина или керамика
Потурете на местото, нека отстои кратко време па пребришете.
3. За отстранување на маснотијата од рерната
Посипете во рерната со газираниот пијалак и оставете да отстои околу 10 минути па пребришете ја.
4. Чисти загорени тави и тенџериња
Потурете од газираниот пијалак на местото каде е загорена тавата, оставете да отстои околу 10 минути и измијте ги.
5. Брзо го враќаат сјајот на металите
Натопете ја крпата со газиран пијалак и истријте ја оксидираната површина на садовите или накитот.
6. За отстранување на гумите за џвакање
Може да се отстранат и од коса и од ткаенина. Потурете на залепеното место и оставете да отстои 5 минути, па исперете или измијте го.
7. За отстранување на дамките од фломастер на тепихот
Потурете го газираниот пијалак, оставете да дејствува околу 5 минути, па исперете го.
8. За чистење на веце школката
Сипете повеќе од газираниот пијалак по целата внатрешност и оставете да делува десетина минути, па пуштете вода од казанчето.
9. За отстранување на тврдокорните дамки од крв или јајца од ткаенини
Намокрете ја дамката, оставете да се впие и дејствува газираниот пијалак околу 5 минути, па исперете.
10. За отстранување на нечистотијата од фугите
Потурете на плочките и оставете да отстои околу 5 минути, па убаво пребришете.
Знаете уште некоја употреба на газираните сокови?