11 начини на кои ќе го отстраните мирисот на загорена храна од домот
Вечерата само што не е готова, а ви ѕвони телефонот. По подолгиот разговор со пријателот, се сеќавате на вечерата. Ја отворате рерната и го чувствувате познатиот, непријатен мирис кој со брзина на светлината се шири низ целиот дом.
Мирисот на загорена храна е најстрашниот мирис кој со денови не си оди од домот. За среќа, постојат неколку брзи и едноставни чекори и начини со кои можете да се спасите.
Започнете редоследно:
1. Отстранете го остатокот од храната
Во никој случај не ги оставајте остатоците од изгорената храна во кантата за ѓубре. Нивниот непријатен мирис ќе се шири и понатаму. Затоа попаметно е да ги ставите во пластична кеса и да ги фрлите надвор.
2.Отворете ги прозорите и вратите
Ова сигурно сите го правите, но не е лошо да го повториме.
3.Вклучете вентилатор
За свежиот воздух полесно да циркулира низ домот, веднаш под прозорот или вратата ставете вентилатор. Вклучете го на најголема брзина.
4. Рерна
Загрејте ја на 100 степени. На една тава ставете алуминиумска фолија и на неа ставете лажица путер, малку цимет и шеќер. Исклучете ја рерната и тавата оставете ја да отстои 3 часа.
5. Испрскајте со освежувач
Дури откако мирисот малку ќе се намали, испрскајте со освежувач. Во спротивно, ќе се задушите од мешавината на мириси.
6. Лимон
Во зовриена вода ставете лимон исечен на парчиња. Намалете ја температурата и оставете ја водата уште 30тина минути да испарува.
7. Кранфилче
Во зовриена вода ставете една рака каранфилчиња. Намалете ја температурата и оставете пареата да си ја заврши работата.
8. Кромид
Исечкајте една главица кромид и ставете го во зовриена вода. Тргнете го садот, па течноста истурете ја во повеќе садови. Потоа распоредете ги низ домот и оставете ги во текот на ноќта.
9. Оцет и леб
Во еден сад ставете вода, па додајте 2 шолји оцет. Оставете ја течноста да зоврие, па оставете ја да се олади на собна температура. Потоа натопете неколку парчиња леб во течноста, ставете ги во пластичен сад или фолија и распоредете ги низ домот.
10. Сода бикарбона
Во неколку садови рапоредете половина шолја сода бикарбона и ставете ги на местата каде непријатниот мирис најмногу се чувствува. Оставете ја да делува преку ноќ.
11. Освежувач од вода и лимон
Во шише со распрскувач ставете еднаква количина вода и сок од лимон. Испрскајте го целиот дом неколку пати во текот на денот.