Цел живот погрешно сте вареле чај, кафе, какао...

Ретко кој од нас го чита упатството на кесичката за чај, кутијата од кафето или опаковката на какаото, па затоа ги приготвуваме топлите напитоци сосема погрешно на свој начин.

cel-zivot-ste-varele-pogresno-caj-kafe-kakao-1

Иако тоа делува привлечно, да приготвиме нешто по свој рецепт, на тој начин не секогаш ги вадиме корисните состојки кои ни се потребни од напитокот, а и вкусот не е крајно сладок како што би требало да биде.

Еве како се подготвува правилно чајот, кафето и какаото, пијалоците во кои постојано уживаме во студените зимски денови.

Правилна подготовка на чај

Како и обично, сигурно додека водата уште врие ставате кесичка чај што е целосно погрешно бидејќи неговите корисни состојки ќе изгубат на ефикасност во зовривањето, а вкусот ќе биде помалку изразен.

Наредниот пат кога приготвувате чај, прво зовријте ја водата, а потоа ставете кесичка чај во шолјата и полејте ја. Оставете да отстои во покриена шолја од 10 до 15 минути.


Правилна подготовка на кафе

Подготовката се однесува на турското кафе кое кај нас Македонците е задолжително за консумирање во текот на денот, но проблемот е што не го приготвуваме правилно како што е редот.

Наместо да ставите вода па потоа кафе и шеќер во ѓезвето, наредниот пат кафето подгответе го правилно и прво измешајте ги кафето и шеќерот, а потоа додадете ја водата и секогаш оставете да се крене до врвот бидејќи во спротивно вкусот ќе биде изгубен.


Правилна подготовка на какао

Исто како и со кафето сигурно прво ставате вода на оган на која додавате какао и шеќер, но во ваквата подготовка верувајте остануваат грутки од какао како и од кафе кои не се баш пријатни кога ќе ги вкусите бидејќи истите загоруваат додека го варите какаото.

Наредниот пат кога ќе приготвите какао прво ставете две лажици какао и шеќер по избор, измешајте убаво со лажица, а потоа додадете вода или млеко и оставете да се свари.

На здравје!

cel-zivot-ste-varele-pogresno-caj-kafe-kakao-2

Како вие ги приготвувате вашите топли напитоци?

Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
10 кулинарски совети за оние кои не сакаат да поминуваат време во кујната Ако готвењето не ви е задоволство и не сакате да поминувате многу време во кујна...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Појадував како Новак Ѓоковиќ – Какви се моите впечатоци? Топла вода со лимон, зелено смути и гранола со овошје … Како вообичаено изгледа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg