Плодови кои не би требало да ги лупите
Дали знаевте дека некои видови овошја и зеленчук не само што не морате, туку и не смеете да ги лупите? Во спротивно, тие ќе изгубат голем дел од хранливите вредности.
Еве на кои намирници се однесува ова правило:
1. Компир
Вообичаено е да се лупи, но тоа е лоша идеја затоа што 20% од хранливите вредности на компирот ги фрлате заедно со лушпата. Токму витаминот Б, минералите и влакната се наоѓаат во кората, затоа доволно е добро да ја измиете.
2. Модар домат
Кората на модриот домат содржи антиоксиданс кој помага во борбата против оштетувањето на клетките, предизвикано од стареење или болест.
3. Свежи краставици
Иако може да биде непријатна за џвакање, кората е одлична за зајакнување на имунитетот заради тоа што е богата со антиоксиданси и влакна.
4. Морков
Сè додека добро го измиете, нема никаква причина да го лупите. Сите антиоксиданси се сконцентрирани на кората или директно под неа.
5. Јаболка
Многумина ја отстрануваат кората затоа што е тешка за џвакање, без да знаат дека е богата со влакна кои ќе ве заситат и ќе ви го олеснат варењето.