10 брзи кујнски трикови кои до сега не сте ги слушнале
За да бидете побрзи и полесно да се снаоѓате во кујната, никогаш нема да ви штети ако научите некој нов трик.
Ефикасни и брзи, ова се 10те трикови кои до сега не сте ги слушнале, а ќе ви заштедат време или ќе ви го спасат ручекот:
1. За да го продолжите рокот на траење на млекото, во отворениот тетрапак ставете малку сол.
2. Водата во која ги варевте компирите никогаш не ја фрлајте. Богата е со нитрати кои може да им го вратат животот на домашните билки.
3. Свежината на марулата ќе ја сочувате ако ја ставите во сад и ја замотате во салветка, па дури потоа ја ставите во фрижидер.
4. Спасот за пресолената супа е во компирот. Ставете еден цел сварен компир во неа неколку минути, а пред служење тргнете го.
5. Ако мирисот во пластичните садови од сирење ви пречи, ставете малку сол во нив.
6. Ако оризот ви загоре, на врвот ставете парче бел леб да отстои 10-15 минути. Лебот ќе ја впие непријатната арома на изгорено.
7. За да ја сочувате свежината на лебот, во кесата ставете парче свеж целер.
8. Ако лупевте овошје или зеленчук кој пушта боја, исчистете ги прстите со малку оцет и домати. Истријте неколку капки оцет или ¼ домат и работата е завршена.
9. Бананата никогаш не ја оставајте покрај останатото овошје затоа што испушта гасови заради кои другото овошје може побргу да презрее.
10. Тенџерето во кое се собрал бигор исчистете го со оцет. Наполнете го со раствор од вода и оцет во размер од 50:50 и оставете ја течноста да зоврие.