Список од 20 намирници за добро варење и рамен стомак
Овој список е составен исклучиво од намирници кои го забрзуваат метаболизмот, имаат ниска калориска вредност, ги исфрлаат вишокот течности, го одржуваат чувството на ситост и ја држат енергијата на високо ниво.
Токму затоа, оваа зима треба да ги консумирате што почесто ако сакате да ги избегнете дополнителните празнични килограми:
1. Бадеми - Богати со витамин Е и влакна кои ја потиснуваат гладта.
2. Зелен лиснат зеленчук - Најбрз начин за ослободување од масните наслаги околу стомакот. Затоа, вклучете го во секој оброк.
3. Овес - Ако појадувате овесна каша за појадок, верувајте дека ќе бидете двојно поенергични и витални.
4. Грашок - Полн е со хранливи материјали, протеини и влакна, а сиромашен со калории, што го прави одличен оброк ако сакате вишок енергија, а не килограми.
5. Нане - Лековита билка која ќе го забрза варењето на храната и ќе го спречи чувството на подуеност.
6. Зелен чај - Ги отстранува вишокот течности околу стомакот и го забрзува метаболизмот.
7. Јаболков оцет - Идеален за зимска детоксикација, затоа што успешно ги уништува штетните бактерии во дигестивниот систем.
8. Сок од брусница - Освен што е полн со витамин Ц, сокот од брусница ги чисти вишокот течности од телото.
9. Домат - Одличен антиоксиданс кој ги спречува воспаленијата и ја регулира работата на метаболизмот.
10. Лук - Ги убива штетните бактерии и вируси, со што го подобрува целиот дигестивен тракт.
11. Чили - Лут додаток кој го забрзува метаболизмот и само со 1 лажичка го снабдува телото со потребното количество на витамин Ц.
12. Банани - И покрај мислењето дека дебелеат, тие имаат спротивно дејство. Минералите и влакната ви даваат енергија, а помагаат и во отстранувањето на вишокот течности.
13. Краставици - Одличен антиоксиданс со минимален број на калории.
14. Шумско овошје - Уште еден антиоксиданс богат со влакна а ниска калориска вредност. Затоа, додајте 1 шолја малини, капини и рибизли во вашиот појадок.
15. Цимет - Магичен прав за отстранување на салото околу стомакот, а покрај тоа и го регулира шеќерот во крвта.
16. Ѓумбир - Зачин кој го подобрува варењето на храната, има смирувачко дејство и содржи антиоксиданси.
17. Артичок - Богати се со влакна, го забрзуваат варењето и ја намалуваат подуеноста.
18. Семки од сончоглед - Содржат диетални влакна кои го продолжуваат чувството на ситост, а истовремено го олеснуваат и варењето.
19. Јогурт - Природниот јогурт без додадени шеќери го подобрува варењето на секоја храна.
20. Леќа - Може да ви помогне да го израмните стомакот многу брзо. Содржи низа хранливи материи помеѓу кои се влакната и белковините.