Здрава храна од фрижидерот на нутриционистите
Здравата храна е основа на добрата линија и здравствена состојба. А за правилно да се храните, најдобро е да се нурнете во фрижидерот на познатите нутриционисти.
Некои од најголемите нутриционисти како што се Тамара Мелтон и Симон Глогер, започнаа проект во кој одлучија да им послужат како пример на луѓето кои сакаат да се хранат барем малку поздраво.
Еве што ќе најдете во нивните фрижидери:
Овошје со посебен акцент на бананите, грозјето, јаболката и портокалите.
Смути сокови, омлети, супи, салати и сендвичи полни со зелен лиснат зеленчук, односно полни со витамин А, Ц, билни влакна и железо.
Јогуртот е идеален пијалак кој можете секогаш да го понесете со себе и да го комбинирате со различна храна или да го пиете помеѓу оброците.
Сирењето е уште еден додаток кој можете да го комбинирате со свежи салати.
Млекото ќе ве снабди со неопходните масти, протеини и калциум, затоа важно е да имате барем 1 литар во фрижидерот.
Јајцата се полни со хранливи состојки и се идеално решение за здрави, а брзи оброци.
И за крај, смрзнатото овошје е идеална замена за свежото кое го нема преку цела година, па затоа зимно време снабдете се со смрзнати капинки, малини, боровинки...
Сè што треба да направите е да донесете цврста одлука и да ги исфрлите нездравите намирници!