9 совети за подготовка на крцкави компирчиња во рерна
Сакате вкусни и крцкави компирчиња, но не сакате да се „удавите“ во нездрави маснотии? За подготовка на вкусни и сочни компири не секогаш ви е потребно тавче за пржење и литар масло.
Сè што ви е потребно се овие 9 совети:
1. Исечете ги компирите на што потенки, долгнавести или округли парчиња. Потенките парчиња се секогаш покрцкави.
2. Потопете ги во вода пред печењето. Ова значи дека компирите треба да бидат барем 2 часа во вода пред да ги печете. На тој начин компирот губи дел од скробот.
3. Дехидрирајте ги компирите пред печење. Исечените компири исцедете ги и исушете ги со крпа пред да ги наредите на тавата.
4. Натопете ги во белка и брашно. За полесно да се создаде крцкава кора потребно е да ги натопите парчињата компири во матена белка. За 2 компири со средна големина потребна ви е 1 белка и 1 лажица брашно. Откако ќе ги намачкате со белка, прекријте ги со брашно. Добро промешајте, зачинете и печете.
5. Користете хартија за печење. Само на овој начин ќе го избегнете лепењето.
6. Печете го помфритот на долната решетка. Кога тавата ќе ја ставите на последната решетка од рерната, компирот ќе биде покрцкав затоа што побрзо ќе се испече, а водата целосно ќе испари.
7. Не го преполнувајте плехот. Ова е една од најчестите грешки која сите ги прават кога печат компири. Најдобро е компирите меѓусебно да не се допираат за време на печењето.
8. Вртете ги додека се печат. Најмалку еднаш превртете го секое компирче за рамномерно да се испече.
9. Отворете ја вратата од рерната неколку пати. На овој начин водата која испарува полесно ќе излезе од рерната, па помфритот ќе биде покрцкав, наместо мек.