3 лекови против ‘рчење кои сигурно ги имате дома
Толку гласно почнавте да ‘рчите што сите околу вас се жалат? Не грижете се, ова е чест проблем за кој сигурно веќе го имате лекот дома.
Со помош на овие 3 домашни лекови дозволете си мирен сон себеси, а и на другите околу вас.
Маслиново масло
Испијте 1 лажичка маслиново масло пред спиење. Ткивото кое му пречи на протокот на воздухот ќе биде повлажно и нема да предизвикува непријатни звуци.
Ѓумбир
Потребни ви се неколку парчиња ѓумбир кој ќе го прелиете со 1 шолја врела вода и ќе го варите околу 5 минути. Прекријте ја течноста со крпа, процедете и додајте 1 лажица мед. Овој пијалак може да го консумирате неколку пати во текот на денот.
Лута храна
За лутата храна се верува дека може да ви помогне веројатно затоа што таквите намирници ги чистат каналите чија блокада го предизвикува ‘рчењето.