Корисно: Како да подготвите совршено сварено јајце?
Совршено вареното јајце за многумина е невозможна мисија, затоа што е комбинација од меко и тврдо варено јајце.
Ако веќе навлегуваме во детали, дефиницијата за совршено сварено јајце звучи вака: жолчката е течна и сочна, а белката е тврда како гума.
Најдобар начин да го постигнете овој ефект е да не ги варите јајцата. Проблемот настанува кога целото јајце се вари на иста температура, а на белката и жолчката им е потребна температура за „совршено“ варење.
Еве како да го постигнете посакуваниот ефект:
Земете мало лонче со стаклен капак и внимателно сместете ги јајцата во него. Наполнете го лончето со вода до каде што се јајцата, ни милиметар повеќе, а потоа изведете го трикот.
Затворете го лончето и запалете оган на највисока температура додека водата не зоврие.
Штом водата проврие, тргнете го лончето од оган. Оставете го капакот и вклучете стоперка.
Внимавајте да не поминат ни повеќе ни помалку од 6 минути и ќе добиете совршено сварено јајце.
На здравје!