Ако мислевте дека овие намирници се диетални, во заблуда сте
Огромен дел од намирниците за секојдневна исхрана се рекламираат како здрави и диетални, без да ги имаат овие карактеристики.
Токму затоа, голем дел од диетите се неуспешни. Ако и вие сте се нашле во ваква замка до сега, избегнувајте ги следниве 5 намирници:
Вода збогатена со витамини
Овие пијалаци се рекламираат како здрави затоа што содржат витамини и минерали, но вистината е дека треба да се задржите до обичната вода. Иако на табелите ќе видите мал број на калории, вистината е дека во нив се наоѓа голема количина шеќер. Покрај тоа, тука се вештачките бои и ароми.
Овошен јогурт
Комбинацијата на здравиот јогурт полн со пробиотици и свежо овошје е најздрава, па така водејќи се по оваа логика заборавате на скриените шеќери и бои кои се ставени во готовите овошни јогурти. Многу подобра алтернатива е домашно подготвениот овошен јогурт со малку мед.
Плочки од житарки
Уште една „здрава“ ужина која не е препорачлива. Всушност, овие плочки имаат многу блиски хранливи вредности до чоколадото кое мислите дека го избегнувате. Никој на етикетата не предупредува „преполно со шеќери,“ затоа подобро е да каснете овошје отколку вакви житарки.
Производи со 0% масти
Намирниците без масти се вистинска замка за луѓето кои се обидуваат да ослабат, затоа што мислат дека без масти значи и без калории. Погрешно! Недостатокот на масти често се заменува со непотребни шеќери за вкусот да биде подобар.
Мусли
Поголемиот дел од муслите содржат огромна количина масти и шеќери кои го нарушуваат здравјето. Затоа секогаш проверувајте ја табелата на вредности пред да се одлучите за нешто „здраво.“