Посна пита со печурки со готови кори за бадниковата трпеза (чекор по чекор постапка)
-->
Освен традиционалното лепче со паричка, гравче, сарма и риба, трпезата можете да ја збогатите и со оваа пита со печурки што се подготвува со готови кори, а која нема да ви одземе премногу време.
Бадник е денот кога домот мириса на вкусни јадења и кога целото семејство се подготвува за вечерата на која традиционално се крши лепчето со паричка, а годинава трпезата можете да ја збогатите и со вкусна пита со печурки.
-->
Потребни состојки:
- 500g готови кори за пита;
- 120ml маслиново масло (или сончогледово масло);
- 1kg свежи печурки (ситно исечкани);
- 3 главици кромид (ситно исечкани);
- 1 чешне лук (ситно исечкано);
- 1 домат (ситно исечкан);
- 1 лажичка сол;
- ½ лажичка црн бибер;
- 1 лажица буковец;
- 220g ситно исечкани ореви;
- 2 големи лажици сусам;
- Гранче исечкан магдонос.
Начин на подготовка:
- Во длабока тава за пржење се ставаат 2 лажици масло да се загрее и во него се ставаат исечканите и исчистени печурки да се испржат;
- Се додава исечканиот кромид и лук и се пропржува заедно со печурките околу 3 до 4 минути, а потоа се додава исечканиот домат и смесата се зачинува со сол, црн бибер и буковец;
- Филот се пржи 5 до 10 минути на средна температура, односно додека не испари целата течност, а потоа се остава малку да се олади и се додава малку исечкан магдонос;
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Се зема подлабок плех и се премачкува со масло, а од готовите кори тргаме 3 кори настрана и ги сечеме во форма на круг според големината на плехот за печење;
- Секоја од корите се премачкува со малку масло и се става во длабокиот плех за печење, како на сликата:
- Кога ќе се потрошат сите кори, се става готовиот фил со печурки;
- Печурките се покриваат со трите преостанати кори, што ги одвоивме на почетокот. Секоја од корите се премачкува со малку масло и се става врз филот, а деловите што штрчат од плехот се превиткуваат во краевите;
- Питата се премачкува со малку масло, се попрскува со вода и со сусам и се става да се пече на температура од 180 степени Целзиусови околу 1 час или додека не добие убава златно кафеава боја.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Пита со тиква и суво грозје од готови кори – Есенски десерт за целото семејство
Подгответе идеален есенски десерт со состојки што се карактеристични за нашето п...
Рецепт за вртена пита со паричка за Василица од готови кори
Рецепт што ќе им се допадне на младите, но и на искусните домаќинки. Како да под...
Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости
Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути)
Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството
Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби
Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...