4 рецепти за салати - совршено декорирани за божиќната трпеза (видео)

Секоја празнична трпеза на себе задолжително има салата. Без разлика дали сакате лесна зеленчукова салата или крем салати, овие рецепти и идеи за декорација ќе ви бидат добредојдени.

4-idei-za-dekoracii-na-salati-shto-sovrsheno-kje-se-vklopat-na-bozhikjnata-trpeza-video-01.jpg

Како да направите венче од зелена салата со рукола, или да направите мини елки од пилешка салата?

Во продолжение издвојуваме четири рецепти за салати што сигурно ќе ви се најдат за празничната трпеза и кои би можеле да ви послужат како инспирација за декорација.

Венче од рукола и шери домати

Потребни состојки:

  • 2 врзопи свежа рукола;
  • 10-тина шери домати;
  • 10-тина топчиња моцарела;
  • 1 голема лажица маслиново масло;
  • 1 мала лажица сол;
  • 1 голема лажица балсамико оцет.

Начин на подготовка:

  • Во поголема чинија и руколата се распоредува во форма на венче, а шери доматите откако ќе се измијат, заедно со топчињата моцарела се распоредуваат во форма на лампиони;
  • На добиеното венче му се става маслиново масло, сол и балсамико оцет.

Видео упатство:

Мини елки од пилешка салата

Потребни состојки:

  • 300g пилешко филе (сварено и ситно исечкано);
  • 500g шампињони (испржени);
  • 100g мелени ореви;
  • 1 чешне лук (ситно исечкано);
  • ситно исечкан копар;
  • 200g павлака;
  • 100g мајонез;
  • сол по вкус;
  • неколку зрнца од калинка.

Начин на подготовка:

  • Сите состојки (освен копарот) се ставаат во длабок сад и се мешаат за да се добие пилешка салата;
  • Се зема една лажица салата и се обликува во форма на мини елка, а потоа се валка во исечкан копар и на врвот ѝ се става по едно зрнце калинка за декорација.

Видео упатство:

Уште два рецепти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

2 рецепта за посното мени на Свети Никола што може да ги подготвите и во последен миг Рибата можете да ја испечете во Air Fryer, а во компир салатата да додадете и ма...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Лесна салата со макарони и свеж зеленчук – идеална за топлите денови Кога надвор е претопло и немате желба за многу готвење, ниту за јадење тешка хра...
Сочна паста со шери домати и фета сирење, во Air Fryer Паста е секогаш одлична идеја, без оглед дали сакате макарони, шпагети или орзо....
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg