Викенд десерт: Брза крем пита со шлаг и банани што не се пече

Доколку сте од оние што сакаат да подготвуваат брзи десерти, сигурно овој рецепт брзо ќе ви биде меѓу омилените. Потребни ви се само 7 состојки и миксер.

vikend-desert-brza-krem-pita-so-shlag-i-banani-shto-ne-se-peche-01.jpg

За половина час ќе добиете десерт што речиси целосно е направен од фил, со богат вкус на ванила и банани.

Како да го подготвите?

Потребни состојки:

  • 150g мелени бисквити;
  • 2 големи лажици шеќер;
  • 5 големи лажици путер;
  • 400ml засладено кондензирано млеко;
  • 180ml млеко по ваш избор;
  • 2 ќесички пудинг од ванила (или банана);
  • 480g шлаг пена;
  • Банани за декорација.

Начин на подготовка:

  • Шлаг пената се подготвува според упатството на амбалажата;
  • Путерот се топи на пареа;
  • Во длабок сад се ставаат мелените бисквити, шеќерот и стопениот путер и смесата се замесува, сѐ додека не почне да наликува на песок;
  • Се обложува еден плех со проѕирна фолија и во него се распоредува добиената смеса од бисквити и путер и се притиска со чаша, за да се добие цврста кора за колачот;
  • Готовата кора се става во ладилник или замрзнувач за да се стегне додека се подготвува филот;
  • Во длабок сад се ставаат кондензираното млеко, млекото и ќесичките пудинг и се матат со миксер додека да се добие изедначена смеса (ако не најдете засладено кондензирано млеко, тогаш додадете и 6 лажици шеќер во прав или по вкус);
  • Се додаваат 200g од готовата шлаг пена и филот се меша со шпатула додека не се добие изедначена смеса;
  • Готовиот фил се распоредува врз кората од бисквити и се остава во ладилник да се олади околу 2 часа;
  • Десертот се декорира со остатокот шлаг пена и банани исечкани на крукчиња.

vikend-desert-brza-krem-pita-so-shlag-i-banani-shto-ne-se-peche-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепти за 2 редени чоколадни торти што не се печат Редена чоко-торта од бисквити и чоколаден прелив или торта со бела чоколада бана...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg