По италијански рецепт: Потпечени фусили со моцарела и доматен сос

Кога немате идеја како да ги подготвите тестенините, побарајте италијански рецепт. Овие потпечени фусили ќе им се допаднат на сите што сакаат повеќе видови сирења и оброци без месо.

po-italijanski-recept-potpecheni-fusili-so-mocarela-i-domaten-sos-01.jpg

Ако ви е здодеано постојано да подготвувате тестенини со болоњезе сос или со бешамел, сигурно овој нов начин на подготвка ќе ви се допадне.

Дополнително, одлични се ако сакате да подготвите оброк за вегетеријанци или гости што не јадат месо.

Италијанците овој специјалитет го нарекуваат Pasta alla Sorentina, а сигурно ќе ви се допадне затоа што се подготвува мошне брзо и лесно.

Вака подготвените тестенини се идеални за брза вечера или ручек, а според овој рецепт ќе добиете 4 порции тестенини.

Потребни состојки:

  • 320g фусили;
  • 125g моцарела;
  • 1 чешне лук;
  • 1 лажичка сол (или по вкус);
  • 500g доматно пире;
  • 30g маслиново масло;
  • Босилек;
  • 65g рендан пармезан.

Начин на подготовка:

  • Во подлабоко тенџере се става малку маслиново масло и се додава цело чешне лук (излупено);
  • Лукчето се пржи околу 1 минута и се додава доматниот сос, се додава сол и неколку ливчиња босилек и се меша сосот;
  • Сосот се покрива со капак и се остава да се вари 30-тина минути на тивок оган, по ова се трга од оган и со виљушка или штипка се вади целото лукче од него;
  • Тестенините се варат според упатството на опаковката и се процедуваат;
  • Процедените тестенини се ставаат во тенџерето со сос и се мешаат;
  • Во плех за печење се истура половина од тестенините со доматен сос, а потоа се додаваат коцкички моцарела и малку рендан пармезан;
  • Се става втор слој од тестенини со сос и повторно се додаваат преостанатите коцкички моцарела и ренданиот пармезан;
  • Плехот со тестенини се става во рерна загреана на 200 степени Целзиусови да се потпечат околу 5 минути (во режим на скара, а ако немате режим на скара тогаш сместете ги на најгорната полица во рерната, но внимавајте да не ви изгорат).

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg