Брз викенд десерт: Брауни колачиња со цели лешници

Готови се за половина час, а овие брауни колачиња брзо ќе ви станат омилен десерт. Можете да ги комбинирате со разни состојки, а не треба да бидете врвен слаткар за да ги подготвите.

brz-vikend-desert-brauni-kolachinja-so-celi-leshnici-01.jpg

Брауни колачињата може да стојат до 3 дена на собна температура. Имаат блага крцкава кора, а внатре се меки и сочни, идеални за послужување со кафе или чај.

Освен лешници можете да додадете и суво грозје или друг вид суво овошје и да добиете уште побогат вкус, а може да користите и зачини како цимет и ѓумбир или пак да додадете чоколадни трошки.

Потребни состојки:

  • 250g темна чоколада за готвење;
  • 160g шеќер;
  • 2 јајца (со средна големина) и на собна температура;
  • 20g какао во прав;
  • 170g цели лешници;
  • 150g путер;
  • 90g брашно;
  • Прстофат сол.

Начин на подготовка:

  • Се загрева рерната на 180 степени Целзиусови;
  • Темната чоколада се топи во микровална или на пареа и се истура во подлабок сад за матење;
  • Во друг сад се топи путерот и се додава на стопеното чоколадо, по што состојките се мешаат додека не се соединат;
  • Во тавче на оган се ставаат лупените лешници за да се потпечат и се оставаат да се оладат;
  • Во друг поголем сад за матење со миксер се матат јајцата со шеќерот додека не се добие густа смеса и на крај се додава прстофат сол;
  • Изматените јајца и шеќер, се додаваат на мешавината од чоколада и стопен путер и сите состојки се мешаат со пластична шпатула додека да се соединат;
  • Се додава брашно и какао и повторно смесата се мати со миксер;
  • На крај се додаваат потпечените лешници и се мешаат со пластична шпатула;
  • Смесата се префрла во плех обложен со хартија за печење и се порамнува со шпатула;
  • Се пече на температура од 180 степени Целзиусови без вентилатор околу 25 минути;
  • Колачите се вадат од рерна и се оставаат да се оладат во целост, а потоа се засекуваат на коцкички.

Видео упатство:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
3 супи за рамен стомак (се подготвуваат за 30 минути) Ако планирате да бидете на диета и да загубите некој килограм, супите се одлични...
5 предлог посни рецепти за деновите кога не знаете што да јадете Пет рецепти без масло и со масло за деновите додека трае постот. Што можете да п...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg