Ќе барате уште едно парче: Брз ролат од банана и бисквити, што не се пече

Рецепт за брза и лесна торта од само неколку состојки, што ќе ја подготвите без никаква мака.

kje-barate-ushte-edno-parche-brz-rolat-od-banana-i-biskviti-shto-ne-se-peche-01.jpg

Ролатите со банани се едни од омилените, а овој ролат ќе го подготвите мошне брзо затоа што нема потреба од матење јајца и печење.

Се прави од готови состојки, што само ќе треба да ги склопите.

Потребни состојки:

  • 500ml јогурт;
  • 200g шеќер;
  • 400g бисквити;
  • 1 ќесичка ванилин шеќер;
  • 2 банани;
  • 1 шлаг пена;
  • чоколадни трошки.

Начин на подготовка:

  • Бисквитите се кршат на ситни парченца и се ставаат во длабок сад, па се додава шеќер, јогурт и ванилин шеќер и сите состојки се мешаат со лажица додека не добиете изедначено тесто;
  • Се зема плех и се обложува со најлонска фолија и целата смеса се префрла во калапот, и се израмнува во форма на кора, па се става во ладилник за да се стегне;
  • Се мати шлаг пената според упатството на пакетчето;
  • По 1 час, тестото се вади од ладилник и со помош на најлон фолијата се вади од плехот и се префрла на работна површина;
  • Се премачкува тестото со малку шлаг, а на средината се ставаат излупените банани една зад друга и се витка во форма на ролат (или се сечкаат на крукчиња и се распоредуваат по целото тесто);
  • Готовиот ролат се декорира со шлаг пена и чоколадни трошки или со сечкани банани.

kje-barate-ushte-edno-parche-brz-rolat-od-banana-i-biskviti-shto-ne-se-peche-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чоколадни бомбици од смеса за готова торта Со смеса за чоколадна торта за час ќе направите супер десерт - вкусни бомбици со...
Брзо мезе: Ролат од тиквички (полнет со сè што сакате) Вкусно мезе на кое основата му се тиквички, а филот може да го направите по ваша...
Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...
Брз ролат со плазма и овошје (без печење) Ако сте љубител на чизкејк, тогаш овој ролат без печење ќе ви се допадне, бидејќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg