Викенд ручек: Полнети компири со мелено месо и стопен кашкавал (видео)
-->
Како да подготвите крцкави полнети компирчиња на сосема поинаков начин. Овој рецепт можете да го искористите за да подготвите нешто невообичаено за викенд трпезата.
Станува збор за рецепт што се подготвува мошне лесно и брзо, а ќе им се допадне на сите оние што го сакаат вкусот на печените компири, надополнет со мелено месо и стопен кашкавал.
-->
Како се подготвуваат овие полнети компири?
Потребни состојки:
- 4 компири;
- Сос од домати;
- Масло;
- 1/2 лажичка сол (или по вкус);
- 1 кромид;
- 280g мелено месо;
- 1 мала лажичка црвен пипер;
- 1 чешне лук (столчено или ситно исечкано);
- Магдонос;
- 180ml вода;
- 200g рендан кашкавал.
Начин на подготовка:
- Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови;
- Компирите се лупат и се сечат на половинки, а со лажица се отстранува средишниот дел;
- Во подлабок сад се додава 1 лажица сос од домати и 2 големи лажици масло за јадење и се меша;
- Издлабените компири се ставаат во плех и се премачкуваат со мешавината од доматен сос и масло и се посолуваат и се ставаат да се потпечат 40-тина минути на температура од 180 степени Целзиусови;
- Во тава на рингла се става масло и се додава една главица исечкан кромид за да омекне, по што се додава меленото месо да се потпржи;
- Во месото се додава сол, црвен пипер, лук и се пржи додека во целост да испари течноста;
- Во длабок сад се мешаат две големи лажици доматен сос и 180ml вода;
- Компирите се вадат од рерна и се полнат со готовиот фил со мелено месо и им се додава рендан кашкавал, а водата и доматниот сос се додаваат во плехот околу компирите;
- По ова компирите се враќаат во рерна да се печат уште 15-тина минути на 180 степени Целзиусови или додека да се стопи кашкавалот.
Видео упатство:
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за сладок божиќен венец со Нутела
Пред новогодишните празници можете да го пробате рецептот за овој вкусен божиќен...
Рецепт за кремасто орзо со пилешко и лимон
Ако досега не сте ги вклучиле орзо тестенините во своето мени, ви предлагаме да ...
Рецепт за чоколадни пралини со малини и кокос
Свеж и егзотичен вкус поради комбинацијата од малини и кокос - овие пралини ќе в...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа
Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Рецепт за кремасто тирамису со лимон и пишкоти
Овој викенд ви предлагаме да подготвите лесен кремаст колач со лимон во чиј вкус...
Рецепт за ѓевречиња со фета сирење
Децата ќе ги обожаваат, а ни гостите нема да може да им одолеат - овие ѓевречиња...
-->